Skip to main content

Posts

Капитализам, схизофренија и казачок

Кон претставата „Мачкина глава“ од Венко Андоновски, режија Дејан Пројковски, во изведба на Драмски театар - Скопје. Премиера на 21. 4. 2026 година. Трае 120 минути, без пауза. Делез и Гатари тврдеа дека капитализмот произведува схизофренија: ја ослободува желбата од старите калапи (вера, традиција, идентитет) и едновремено ја заробува уште поцврсто во нови (продуктивност, претприемништво, конзумеризам). Текстот „Мачкина глава“ на Венко Андоновски, праизведен по повод 80-годишниот јубилеј на Драмски театар – Скопје, во режија на Дејан Пројковски, е схизоанализа на денешното македонско (и, во поширока смисла, балканско) општество вклештено во социо-културниот премин, на крстосницата Исток-Запад. Како и во други дела на Андоновски, матрицата е позајмена: овојпат од „Диво месо“ на Горан Стефановски. Нуклеусното семејство се распаѓа, се судира новото со старото, едниот модел на власт се заменува со друг. Но, во суштина, едноумието трае, само се преобликува. Општеството станува базен за уло...

Што е генијалноста?

Кон претставата „Амадеус“ од Питер Шафер, режија Александ а р Поповски, во изведба на Словенско народно гледалишче од Марибор, гостување во МНТ - Скопје на 1.4.2026 година, трае 130 минути, со пауза.   По речеси 26 години, Словенско народно гледалишче од Марибор гостуваше во МНТ во Скопје со претставата „Амадеус“ од Питер Шафер, во режија на Александар Поповски. По истоимениот филм на Милош Форман од 1984 година, не е едноставно да се игра на сцена оваа псевдобиографска драма со комични елементи и трагично финале. Предноста на театарот е во проксемиката: сѐ може да се доживее одблиску и гледачот тукуречи да го допре отелотворениот драмски судир. Сепак, во режијата на Александар Поповски актерското присуство се открива со дистанца. На почетокот Антонио Салиери се буди како костимирана сенка што ги повикува мртвите во живот за да ја посведочат неговата приказна. Од сина маглина на подземни светови, со несмасно, нагло светло тој влегува во светот што го раскажува. Така, вклештен...

Вина и мачнина

Кон претставата „Гидионовиот јазол“ од Џона Адамс, режија Драгана Милошевска-Попова, во изведба на Драмски театар од Скопје, гледана на 31. 5. 2025 година, трае 85 минути, без пауза.   Додека се влегува на малата сцена, низ фоајето и една помошна просторија на театарот, деца џагорат како во училиште. На сцена веќе е наставничката, која вознемирено се подготвува да замине додека разменува пораки на мобилниот телефон. На вратата од нејзината училница тропнува мајката на ученикот Гидион. Започнува тежок разговор, кој разоткрива јазлеста приказна за булинг, гнил образовен систем и семејна отуѓеност, кои довеле до самоубиство на петтоодделенецот. Децата се појавуваат уште двапати во претставата:  во првиот дел, играјќи си на школски одмор, и на самиот крај, пеејќи рефрен за невиноста и вината. Двете жени, наставничката и мајката, имаат трауматично соочување што лавира околу истото прашање - кој е виновен? Ана Митиќ од самиот почеток игра во грч, често отсечно, со по...

Тетовиран, луд, слободен?

Кон претставата „Калигула“ од Албер Ками, во режија на Ѓорги Ризески, во изведба на Народен театар од Куманово, гледана на 10. 9. 2025 година, како дел од програмата на ФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица. Трае 120 минути без пауза. „Калигула“ на Народниот театар од Куманово е претстава на телесност, сценска заситеност и режисерски претензии. Додека публиката сѐ уште влегува, потресениот Калигула црта тетоважи по телото на мртвата Друзила, негова сестра и љубовница, која потоа ќе се појавува во неговите соништа како сенка што танцува и исчезнува (алтернација на Ева Пауновиќ и Јована Таневска). Патрициите се околу трпезата на која, небаре слика-цитат, лежи човечко тело, приготвено и послужено во филмски манир на Питер Гринавеј. Потоа следуваат сцени на лудило во кои Калигула ќе ги претвора сенаторите во робови-објекти на својата моќ. Тие ќе мораат да црпат песок со виљушка и да трпат понижувања и секаква суровост, физичка и психичка. Таа шок-сликовност и цитатност се засилува со метал-музика...

Живот, моќ, ништост

Кон претставата „Макбет“ од Вилијам Шекспир, режија – Иштван К. Сабо, во изведба на Народниот театар од Битола, премиера гледана на 14. 11. 2025 година   Во Битолскиот народен театар се игра „Макбет“ како симболично истражување на ништоста што владее со човечкиот живот. Режисерот Иштван К. Сабо бега од експлицитни референци во обид да долови универзална смисла. Шкотска, која е гроб кај Шекспир, овде не е всидрена во денешни контексти . На задниот ѕид од сцената се менуваат слики и снимки од бубачки што лазат, чаши, черепи, разрушени градови... Се спушта и се крева решетка од прозорци што во сцената со вратарот ќе стане капија на замок. Пред оваа галерија на симболи, сценографот Валентин Светозарев исцртува ентериер со едноставни дрвени клупи, кои се преместуваат за мизансценски ситуации: од кралска трпеза до гробница. По мали шини, навнатре и пак назад се движат големи, странични, готски пиластри, а над нив масивно висат кровни греди, кои на крајот – симболично и очекувано – ќе се...

Лицемерие во согласност со законот

Кон претставата „Тартиф“ од Жан Б. П. Молиер, режија – Ќендрим Ријани, изведба на Театарот од Гњилане, Косово, гледана на 2. 11. 2024 година на сцената „Артурбина 400“ во Тирана   Режисерот Ќендрим Ријани прави смело читање на „Тартиф“ во контекст на хипокризијата, легализираниот грабеж и озаконетото зло во денешните транзициски општества. Претставата почнува  со експликација  на намерата  да  се  провоцира.  Се прави тоа с о  говор пред  микрофони , „ за инает “  на оние што велат дека не треба да се прават претстави со микрофони.  Се најавува уште и тоа дека  последната сцена со кралот е исфрлена.  Значи, б ез deus ex machina ,  манипулаторот  Тартиф останува неказнет, лицемерието е  легализирано, нема ниту божествена, ниту човечка правда . Тартиф  на актерот Куштрим Ќерими не е воопшто симпатичен, ниту привлечен, тој  гровта како свиња,  додека сите други си ‘ржат едни на други како ку...

Пратеник од јужносрбијанска бакалница?

Кон претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, адаптација и режија на Егон Савин, гостин од Белград, во изведба на Македонскиот народен театар во Скопје, премиера гледана на 25. 1. 2025 година, трае 75 минути. „Народен пратеник“, комедиографскиот првенец на Бранислав Нушиќ, напишан кога тој имал само деветнаесет години, белградскиот режисер Егон Савин го скратува, го допишува, го изместува, го подместува и најпосле некако го наместува. Исфрлени се речиси половина од ликовите, допишани се некои реплики, смешното е затапено за да остави простор за сатирична боцка. Намерата, се чини, била да се алудира на стварноста во која партиските поделби, алчноста, лагата, корупцијата, непросветеноста и полтронството создаваат морален ужас што ја секнува секоја смеа. Сепак, симптоматично е зошто адаптираниот текст останува археолошки врзан за својот некогашен контекст. Во претставата се насетува некоја јужносрбијанска провинција чии простички граѓани зборуваат на чуден македонски дијалект...