Skip to main content

Лицемерие во согласност со законот

Кон претставата „Тартиф“ од Жан Б. П. Молиер, режија – Ќендрим Ријани, изведба на Театарот од Гњилане, Косово, гледана на 2. 11. 2024 година на сцената „Артурбина 400“ во Тирана

 


Режисерот Ќендрим Ријани прави смело читање на „Тартиф“ во контекст на хипокризијата, легализираниот грабеж и озаконетото зло во денешните транзициски општества. Претставата почнува со експликација на намерата да се провоцира. Се прави тоа со говор пред микрофони, „за инает на оние што велат дека не треба да се прават претстави со микрофони. Се најавува уште и тоа дека последната сцена со кралот е исфрлена. Значи, без deus ex machinaманипулаторот Тартиф останува неказнет, лицемерието е легализирано, нема ниту божествена, ниту човечка правда.

Тартиф на актерот Куштрим Ќерими не е воопшто симпатичен, ниту привлечен, тој гровта како свиња, додека сите други си ‘ржат едни на други како кучиња. На крајот Тартиф глуми легалист, придружен од пес што станува правен извршител (одлична интерпретација на Аљбан Шахиќи)Значи, сé е „по закон“. Поттекстот на оваа интерпретација е дека Тартиф не е единствената инкарнација на лицемерието, туку дека тоа станало општоприфатена состојба. Сите се вовлечени во играта што допушта да торжествува лагата, секој носејќи го својот дел на директна или премолчена согласност заради ситен интерес.

Така сцената станува метафоричен простор во кој се изложува паднатата човечка природа склона кон зло наместо кон доблест. Се шмрка дрога, заблудата кулминира со распуштен танц на сите. Тартиф пее Аве Марија додека ја задоволува жената на Орион. Последиците се трагични, стигнуваат во вид на жестока слика: синот се себекастрира за да го казни безумниот татко, кој  целиот имот му го препишува на Тартиф. Тоа е слика на пиета, со синот што лежи на масата, посипан со земја, додека сите клечат пред Тартиф, кој пуши пура себезадоволно, а слугата извршител го закачува неговото име како блескава реклама на ѕидот.

Сценографијата на Беким Корча е решена како триаголник со ѕидови што не можат да се преминат. Нема врати, ниту прозорци, сите актери се на сцена цело време, нема влез, ниту излез, семејството е под опсада, затворено, осудено на распад, на крајот и истиснато напред, кон публиката, со задниот ѕид што се движитуркајќи ги сите на колена, до работ. Современите костими на Илка Брада ја следат основната идеја на режисерот. Некој куфер на тркалца и едно закачено огледало стануваат излишни реквизити, како и чудиот лустер што виси над сцената, поставен превисоко.

Среде морничавата, мачна атмосфера градирана од звуците на композиторот Тримор Доми, прецизно играат останатите актери: Ернест Зимбери, Аурита Агуши, Тринга Хасани, Гани Рахмани, Фљака Љатифи, Авни Шкодра, Мејреме Бериша и Флорент Салиху.

Иван Додовски, 2. 11. 2024

Comments

Popular posts from this blog

Живот, моќ, ништост

Кон претставата „Макбет“ од Вилијам Шекспир, режија – Иштван К. Сабо, во изведба на Народниот театар од Битола, премиера гледана на 14. 11. 2025 година   Во Битолскиот народен театар се игра „Макбет“ како симболично истражување на ништоста што владее со човечкиот живот. Режисерот Иштван К. Сабо бега од експлицитни референци во обид да долови универзална смисла. Шкотска, која е гроб кај Шекспир, овде не е всидрена во денешни контексти . На задниот ѕид од сцената се менуваат слики и снимки од бубачки што лазат, чаши, черепи, разрушени градови... Се спушта и се крева решетка од прозорци што во сцената со вратарот ќе стане капија на замок. Пред оваа галерија на симболи, сценографот Валентин Светозарев исцртува ентериер со едноставни дрвени клупи, кои се преместуваат за мизансценски ситуации: од кралска трпеза до гробница. По мали шини, навнатре и пак назад се движат големи, странични, готски пиластри, а над нив масивно висат кровни греди, кои на крајот – симболично и очекувано – ќе се...

Дом без излез

Кон претставата „Бегалка“ од Васил Иљоски, адаптација и режија - Дамјан Димовски, во изведба на Народ ниот театар „Антон Панов“ од Струмица , гледана на 24 јули 2026 година во рамките на Битолско културно лето „Битфест“, трае 80 минути. Изведбата на „Бегалка“ од Васил Иљоски на 1 мај 1949 година се смета за официјален почеток на работата на Струмичкиот театар. Втор пат драмата била играна во 1970 година. По педесет и пет години овој важен текст на македонскиот драмски канон повторно се поставува на струмичката сцена. Овојпат младиот режисер Дамјан Димовски не прави археолошка реконструкција на класичната структура на битовата драма, туку ја расклопува. Од неа го вади јадрото што може да има современ одек. Т екстот е драстично скратен , вториот дел е целосно отстранет. Кај Иљоски, бегството на богатата Ленче за сиромавиот Бошко , спротивно на волјата од татко ѝ , е чин на кршење на патријархалната и класната норма , но последователното помирување го обновува поредокот. Во пос...

За татковината и против неа

Кон претставата „ Кориолан “ од Вилијам Шекспир, адаптација и режија – Џон Блондел , во изведба на Народниот театар од Битола, премиера на 1 5 . 7 . 202 6 година , во рамките на „Охридско лето“ Само осумдесет минути. Црвен квадрат. Неколку метални столчиња. Сведено на стих. На суштината. Така може да се резимира претставата „Кориолан“ од Вилијам Шекспир на Битолскиот театар, во адаптација и режија на Џон Блондел, која беше премиерно изведена во рамките на програмата на „Охридско лето“. Американскиот режисер не ја гради оваа доцна трагедија на Шекспир како политички спектакл во стереотипен балкански контекст (како што несреќно направи Ралф Фајнс со филмската верзија од 2011 година). Уште помалку, пак, сака музејск и да ги реконстру ира политичките хирови на древниот Рим. Нема локализаци и, п репознатливи домашни политичари , директни глобални паралели. Овој „Кориолан“ не е критика на класен судир меѓу богатата елита и изгладнетите плебејци во ерата на глобалниот капитализам (иако ...