Skip to main content

Posts

Showing posts from December, 2024

Горчиво себепрепознавање

Кон претставата „Бог на колежот“ од Јасмина Реза, режија на Весна Петрушевска, во изведба на Македонски народен театар во Скопје, премиера гледана на 24. 12. 2024 година, трае 100 минути без пауза Наградуваниот текст „Бог на колежот“ од француската авторка Јасмина Реза, во адаптација и режија на Весна Петрушевска (која со оваа постановка магистрира на отсекот режија на ФДУ во Скопје), е сценска замка. Под изговор на граѓанска драма со црнохуморни моменти, таа ја турка публиката кон апсурд и себепрепознавање. Две деца се степале, родителите се договараат да ја надминат непријатноста на цивилизиран начин. Но, средбата се измолкнува од стисокот на добрата намера и станува арена во која возрасните беспоштедно се пресметуваат, разоткривајќи ја својата лицемерност, крајна себичност, мимикрична суровост и длабока фрустација. Сцената е запоседната од масивна, илустративна сценографија (на Татјана Христоска). Тоа е стан, хиперреалистично детализиран со хиперболична африканска...