Skip to main content

Posts

Showing posts from April, 2026

Капитализам, схизофренија и казачок

Кон претставата „Мачкина глава“ од Венко Андоновски, режија Дејан Пројковски, во изведба на Драмски театар - Скопје. Премиера на 21. 4. 2026 година. Трае 120 минути, без пауза. Делез и Гатари тврдеа дека капитализмот произведува схизофренија: ја ослободува желбата од старите калапи (вера, традиција, идентитет) и едновремено ја заробува уште поцврсто во нови (продуктивност, претприемништво, конзумеризам). Текстот „Мачкина глава“ на Венко Андоновски, праизведен по повод 80-годишниот јубилеј на Драмски театар – Скопје, во режија на Дејан Пројковски, е схизоанализа на денешното македонско (и, во поширока смисла, балканско) општество вклештено во социо-културниот премин, на крстосницата Исток-Запад. Како и во други дела на Андоновски, матрицата е позајмена: овојпат од „Диво месо“ на Горан Стефановски. Нуклеусното семејство се распаѓа, се судира новото со старото, едниот модел на власт се заменува со друг. Но, во суштина, едноумието трае, само се преобликува. Општеството станува базен за уло...

Што е генијалноста?

Кон претставата „Амадеус“ од Питер Шафер, режија Александ а р Поповски, во изведба на Словенско народно гледалишче од Марибор, гостување во МНТ - Скопје на 1.4.2026 година, трае 130 минути, со пауза.   По речеси 26 години, Словенско народно гледалишче од Марибор гостуваше во МНТ во Скопје со претставата „Амадеус“ од Питер Шафер, во режија на Александар Поповски. По истоимениот филм на Милош Форман од 1984 година, не е едноставно да се игра на сцена оваа псевдобиографска драма со комични елементи и трагично финале. Предноста на театарот е во проксемиката: сѐ може да се доживее одблиску и гледачот тукуречи да го допре отелотворениот драмски судир. Сепак, во режијата на Александар Поповски актерското присуство се открива со дистанца. На почетокот Антонио Салиери се буди како костимирана сенка што ги повикува мртвите во живот за да ја посведочат неговата приказна. Од сина маглина на подземни светови, со несмасно, нагло светло тој влегува во светот што го раскажува. Така, вклештен...