Skip to main content

Пратеник од јужносрбијанска бакалница?

Кон претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, адаптација и режија на Егон Савин, гостин од Белград, во изведба на Македонскиот народен театар во Скопје, премиера гледана на 25. 1. 2025 година, трае 75 минути.


„Народен пратеник“, комедиографскиот првенец на Бранислав Нушиќ, напишан кога тој имал само деветнаесет години, белградскиот режисер Егон Савин го скратува, го допишува, го изместува, го подместува и најпосле некако го наместува. Исфрлени се речиси половина од ликовите, допишани се некои реплики, смешното е затапено за да остави простор за сатирична боцка. Намерата, се чини, била да се алудира на стварноста во која партиските поделби, алчноста, лагата, корупцијата, непросветеноста и полтронството создаваат морален ужас што ја секнува секоја смеа.

Сепак, симптоматично е зошто адаптираниот текст останува археолошки врзан за својот некогашен контекст. Во претставата се насетува некоја јужносрбијанска провинција чии простички граѓани зборуваат на чуден македонски дијалект, не знаат добро српски, ама, ете, си избираат пратеник што ќе ги претставува во народната скупштина. Роза Трајческа-Ристовска ги облекува ликовите во традиционални костими и капи. На газда Јеврем Прокиќ му става и фес на глава, а подоцна го стегнува во фрак за да оди на гласање. Сценографката Весна Поповиќ, пак, просторот на малата сцена го претвора во тесен дуќан, натрупан со големи бакалски шкафови, фиоки и тезги. Врз нив стои една старовремска каса, а под неа машина за пишување на која Даница, ќерката на Јеврем Прокиќ, отчукува политички говори за нејзиниот свршеник, адвокатот Ивковиќ, изборен противкандидат на татко ѝ. Лево има една богата, резбана, божем барокна фотелја, чудно парче мебел што се двои од темнозелената патина на магазата. Надвор лаат кучиња, а понекогаш знае да заечи и фолк музика.

Главен предизвик за актерите е да го отелотворат режисеркиот налог. Со намалена динамика, тие играат така што смешното да се потисне за да се нагласи страшното во човечкиот карактер. Најдобри валери извлекува Тони Михајловски, прецизен во улогата на Срета, локален спин-доктор на јавното мислење што знае да профитира од политичките амбиции на Јеврем Прокиќ. Овој последниот го толкува Александар Микиќ, давајќи му на ликот белег на наивност и приглупост, без заслепителна амбиција. Улогата на Даница ја толкува Дарја Ризова, која со чуден силовит глас и со груб телесен говор отпрвин игра некоја неука машкуданка, која, којзнае зошто, по малку „прича српски“, а потем, кој знае како, истата таа дрска и проста Даница покажува интелектуална зрелост и отпор, дури и „среден прст“. И сето тоа среде општиот патријархален дух. Добар тандем се Јордан Симонов како Спиро и Тања Кочовска како Спиројца: тој знае да внесе куси мигови на апсурд кога подзастанува не можејќи да се присети на мислата што сакал да ја каже, а таа гради една фина карикатура на корпулентна, наметлива, проста жена што знае секогаш да биде „со власта“. Ивковиќ е присутен само како снимен глас (на Александар Михајловски), а како толпа народ на вратата се појавуваат и седум статисти.

Паланката што ја слика Егон Савин има некои актерски бои, негде-годе и гротескни проблесоци, но таа толку дреме во некогашен контекст што одвај пецка и по малку (јужносрбијански?) рецка in praesentia.

Иван Додовски, 25.1.2025

Comments

Popular posts from this blog

Дом без излез

Кон претставата „Бегалка“ од Васил Иљоски, адаптација и режија - Дамјан Димовски, во изведба на Народ ниот театар „Антон Панов“ од Струмица , гледана на 24 јули 2026 година во рамките на Битолско културно лето „Битфест“, трае 80 минути. Изведбата на „Бегалка“ од Васил Иљоски на 1 мај 1949 година се смета за официјален почеток на работата на Струмичкиот театар. Втор пат драмата била играна во 1970 година. По педесет и пет години овој важен текст на македонскиот драмски канон повторно се поставува на струмичката сцена. Овојпат младиот режисер Дамјан Димовски не прави археолошка реконструкција на класичната структура на битовата драма, туку ја расклопува. Од неа го вади јадрото што може да има современ одек. Т екстот е драстично скратен , вториот дел е целосно отстранет. Кај Иљоски, бегството на богатата Ленче за сиромавиот Бошко , спротивно на волјата од татко ѝ , е чин на кршење на патријархалната и класната норма , но последователното помирување го обновува поредокот. Во пос...

За татковината и против неа

Кон претставата „ Кориолан “ од Вилијам Шекспир, адаптација и режија – Џон Блондел , во изведба на Народниот театар од Битола, премиера на 1 5 . 7 . 202 6 година , во рамките на „Охридско лето“ Само осумдесет минути. Црвен квадрат. Неколку метални столчиња. Сведено на стих. На суштината. Така може да се резимира претставата „Кориолан“ од Вилијам Шекспир на Битолскиот театар, во адаптација и режија на Џон Блондел, која беше премиерно изведена во рамките на програмата на „Охридско лето“. Американскиот режисер не ја гради оваа доцна трагедија на Шекспир како политички спектакл во стереотипен балкански контекст (како што несреќно направи Ралф Фајнс со филмската верзија од 2011 година). Уште помалку, пак, сака музејск и да ги реконстру ира политичките хирови на древниот Рим. Нема локализаци и, п репознатливи домашни политичари , директни глобални паралели. Овој „Кориолан“ не е критика на класен судир меѓу богатата елита и изгладнетите плебејци во ерата на глобалниот капитализам (иако ...

Капитализам, схизофренија и казачок

Кон претставата „Мачкина глава“ од Венко Андоновски, режија Дејан Пројковски, во изведба на Драмски театар - Скопје. Премиера на 21. 4. 2026 година. Трае 120 минути, без пауза. Делез и Гатари тврдеа дека капитализмот произведува схизофренија: ја ослободува желбата од старите калапи (вера, традиција, идентитет) и едновремено ја заробува уште поцврсто во нови (продуктивност, претприемништво, конзумеризам). Текстот „Мачкина глава“ на Венко Андоновски, праизведен по повод 80-годишниот јубилеј на Драмски театар – Скопје, во режија на Дејан Пројковски, е схизоанализа на денешното македонско (и, во поширока смисла, балканско) општество вклештено во социо-културниот премин, на крстосницата Исток-Запад. Како и во други дела на Андоновски, матрицата е позајмена: овојпат од „Диво месо“ на Горан Стефановски. Нуклеусното семејство се распаѓа, се судира новото со старото, едниот модел на власт се заменува со друг. Но, во суштина, едноумието трае, само се преобликува. Општеството станува базен за уло...